19 Декември, 2025
0.0637

По првиот милион „Среќни коцки“ испорача уште две добивки по 100 илјади

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2014 20:53

Добивај вести на Viber

По испорачаниот прв милион денари во Инстант лотаријата „Среќни коцки“, уште две добивки во оваа игра израдуваа среќни играчи. Мирјана Петровска од Скопје и играч од Охрид кој сакал да остане анонимен, стасаа до добивката вредна 100 илјади денари, соопштуваат од Државната лотарија на Македонија. “Мирјана е редовен игач на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а  ова е и прва погоема добивка. Својот среќен инстан лоз Среќни коцки го купила во продажното место Толлакс Бисер во Скопје. И добитникот од Охрид е страсен играч на нашите игри на среќа. Својот лоз кој му ја донесе добивката од 100.000,00 денари,  го купил од продажното место Владија во Охрид“, се вели во соопштението Првиот милион во оваа инстант игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е освоен овој месец, поточно на 15ти февруари. Среќната грепка е купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја поделија тројца другари кои воедно биле и колеги на работа. Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше инстант играта на среќа „Среќни коцки“. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освојат добивка која веднаш можат да си ја подигнат. Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и ќе ги открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра се особено блиски на  љубителите на играта јамб,  бидејќи практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра. Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии