19 Декември, 2025
0.0520

Груевски за СЈО: Случаите се фабрикувани, не поседувавме медиуми

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018 06:51

Добивај вести на Viber

Новите шест истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во контекст на слабеење на позициите на партијата и нејзини поединци, како и во контекст на промената на името по неуспешниот референдум, напиша синоќа на својот профил на фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Вели дека случаите се фабрикувани и дека Владата додека тој бил премиер работела посветено и привлекувала странски инвестиции. Објаснува и за секој од предметите посебно.

Напоменувам дека земјиштето на кое се изгради Балканскиот универзитет е продадено на јавна електронска лицитација на која можеа да конкурираат и други кандидати од областа образование и дека цената од 1 евро квадрат е почетна цена која некогаш кога немаше други кандидати беше и конечна но најчесто имаше и други конкуренти и цената растеше при наддавањето. Пред доаѓањето на ВМРО на власт имавме во изобилство неизградена земја низ градовите и селата, локации полни со шут и ѓубре и 39 отсто невработени луѓе, односно само 560 илјади вработени. Со новите политики на ниски почетни цени на земјата вработеноста од 560 илјади луѓе се искачи на 740 илјади вработени, а невработеноста опадна од 39 на 22 отсто. Промената на уредбата на почетната цена на земјата не ја сменил еден човек, туку е сменета со одлука на владата и важи за сите. Нашиот однос како влада кон сите инвеститори беше крајно пријателски и тоа многу помогна да ги убедиме инвеститорите да инвестираат во Македонија.Патем речено, да напоменам дека од она што јас го знам инвеститор и сопстевеник на Балканскиот универзитет во Скопје се фондации и НВО кои се и хуманитарни и добротворни организации и во чии управни одбори членуваат првите луѓе на најголемите турски компании како Ефес Пилсен, Кока Кола, Ваикики, Халк Банка и повеќе други, пишува Груевски.

Вели дека распределбата на средствата за јавни кампањи владата го вршела во целост согласно закон, откако претходно на јавен оглас ангажирала специјализирана куќа за медиа планирање. 

Владата никогаш сама, без критериум и надвор од закон не вршела распределба ниту одлучувала каде и колку средства за кампањи ќе се наменат. Ваквиот начин на финасирање на владини кампањи е присутен и во речиси сите други развиени држави. Неслучајно кога своевремено СДСМ го критикуваше законот по кој се распределуваа средствата за медиумски кампањи, немаше одговор на нашата понуда да предложат друг закон, но тој закон да е од некоја понапредна и поразвиена држава. Оттука, никакви државни средства не биле незаконски префрлани на наводни превземени медиуми. ВМРО-ДПМНЕ ниту имало ниту поседувало медиуми, напиша екс премиерот.

Објаснува дека оваа Влада се занимава само со политички прогон на политичките противници за што преку закани од различен тип ги контролира најголем дел од медиумите, кои притиснати од тоа давале, како што вели, поддршка на политиките на владата и политичкиот прогон и фабрикувани случаи и монтирани случаи, под притисок и како што бара СДСМ.

Накратко, политичкиот прогон кој се спроведува преку СДСМ продолжува и се интензивира. СЈО не е ниту независна, ниту неполитичка ниту непристрасна институција. СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици и што подолго одржување на власт на СДСМ, заклучува Груевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки