16 Декември, 2025
0.0388

ПО СОБОРУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН: Авиокомпаниите ја заобиколуваат Украина!

Објавено во: Свет 17 Јули, 2014 20:03

Добивај вести на Viber

По падот на малезискиот авион Боинг 777 во Украина, во близина на границата со Русија, многу авиокомпании експресно објавија дека нема да го користат за прелети украинскиот воздушен простор. Француската авиокомпанија „Ер Франс“ соопшти дека ќе ги избегнува источните области на Украина, додека руската „Трансаеро“ најави дека во целост ќе го избегнува украинскиот воздушен простор за идните летови. Како што објави Ројтерс, ниту „Туркиш Ерлајнс“ нема да лета над Украина, а истата одлука ја донел и руски „Аерофлот“. Воздушниот простор над Украина, каде наводно бил соборен авионот, не бил затворен за авиосообраќај и не беше предмет на рестрикции, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА). Малезискиот авион со 295 патници и членови на екипажот летал на релација Амстердам-Куала Лумпур, кога се урнал во близина на украинско-руската граница. Во несреќата нема преживеани. По информациите за овој настан, акциите на американските и европските берзи доживеаја драматичен пад. Соборувањето на авионот предизвикало страв кај инвеститорите од можноста за ново влошување на тензиите меѓу Русија и Украина. (ФОТО) Малезискиот патнички авион соборен, никој не презема одговорност!

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“