29 Септември, 2024
0.0264

ПО ТРИ ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА КИЛОГРАМ ЈАБОЛКА И ОРИЗ - не престанува исплатата на државни пари поради штети од корона кризата

Објавено во: Економија 16 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Државата не престанува да доделува парична помош на фирми или производители, со назнака намалување на штетните економски последици предизвикани од ковид кризата.

Во наредниот период финансиска поддршка ќе добијат производителите на јаболка и ориз, а за тоа се носи и посебен закон, кој веќе стигна во Собранието. Од Владата, која е предлагач, велат дека овој закон треба да помогне да се намалат последиците предизвикани од коронавирусот врз производството на овие култури.

За оваа помош, како што навеле од Владата, ќе мора да се обезбедат и буџетски пари. Практично, исплатата на финансиската поддршка ќе се врши од буџетот, и тоа преку владината програма П1 – мерки за справување со ковид кризата.

Корисници на финансиска поддршка согласно со овој закон ќе бидат производителите на јаболко и ориз кои се носители или членови на земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, согласно со Законот за земјоделство и рурален развој.

Во законот се наведува дека финансиската поддршка се состои од помош по три денари за килограм јаболко и ориз, и тоа три денари за килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември до 15 декември годинава е предаденo кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи за преработка или за извоз најмалку преку еден откупувач, како и поддршка од три денари по килограм за производство на оризова арпа од родот 2020/2021 година, која во периодотот од први јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет.

„Корисниците на финансиската поддршка се носители или членови на земјоделски стопанства кои произвеле и предале јаболка кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи, како и носители или членови на земјоделски стопанства кои произвеле и предале оризова арпа кај регистриран откупувач запишан во регистарот на откупувачи или во сопствениот преработувачки капацитет“, се наведува во предлог законското решение.

Износот на поддршката по поединечен корисник се утврдува врз основа на податоците за корисникот кои Државниот инспекторат за земјоделство ги доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Регистрираните откупувачи и преработувачи во рок од десет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни на образецот да ги обезбедат податоците за потребите на Државниот инспекторат. Агенцијата по приемот на податоците врши проверка дали производителите на јаболко и ориз се корисници на финансиска поддршка. По таа проверка Агенцијата донесува решение за исплата по поединечен корисник, во кој е содржан износот на финансиската поддршка.

Врз основа на овие решенија генералниот секретаријат на Владата врши исплата на средства за финансиската поддршка на трансакциската сметка на корисникот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решенијата. 

„Доколку со инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство се утврди дека откупувачот или преработувачот овозможил со финансиска поддршка да се стекне производител на јаболка или ориз, со давање на невистинити податоци, откупувачот или преработувачот е должен да го врати износот на исплатените пари во целост на сметката на Буџетот, односно на владината програма П1 – мерки за справување со ковид кризата, од каде што е извршена  исплатата, со законска казнена камата, во рок од 30 дена од денот на извршената контрола“, се вели во предлог законот за кој ќе треба да расправаат пратениците.  

Од Владата велат дека со предложениот закон ќе се овозможи да се намалат последиците предизвикани од коронавирусот врз производството и откупот на јаболко и ориз.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија