По три години чекање, 13 плажи во Охрид добија концесија
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2023 13:04
Пред летната сезона, тринаесет охридски плажи добија договори за концесија и ќе бидат уредени со урбана опрема, шанкови, лежалки, маси и столици, согласно програмата на Општина Охрид.
Новите концесионери по тригодишна пауза ги добија плажите, но ќе мора да ги уредуваат согласно препораките на УНЕСКО. Нема да има бетонски платформи и ќе мора да остават 50 отсто од просторот слободен за посетителите. Опремата може да биде само монтажна и тоа од природни материјали, дрво или имитација на дрво, кои ќе се вклопи во околината
Градоначалникот Кирил Пецаков објави дека нивната работа ќе биде следена од комуналните инспектори. Новите закупци на плажите во Охрид имаат тригодишни договори.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




