ПО УРИВАЊЕТО НА АВИОНОТ КАЈ БЕЛГОРОД: Само пет тела се однесени во мртовечница?
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2024 19:42
Украина изнесува податоци кои фрлаат сомнеж на руската верзија за уривањето на авионот кај Белгород.
Украина објави дека има податоци кои укажуваат дека само пет тела се донесени во мртовечницата од местото на несреќата. Русија претходно соопшти дека во авионската несреќа загинале десетици украински воени заробеници.
Русија тврди дека украинското воено разузнавање добило 15-минутно предупредување пред авионот да влезе во областа каде се урнал.
„Украинската страна беше официјално предупредена, 15 минути пред авионот да влезе во зоната, добија целосни информации“, изјави Андреј Картополов, поранешен генерал близок до Министерството за одбрана на руските парламентарци.
Украина ги негира овие тврдења. Како што наведуваат, не добиле предупредување, но ниту известување дека затворениците ќе бидат превезени на каков било начин – ниту со авион, ниту со воз, ниту со возило. Украина ниту потврди ниту демантираше дека нејзините сили го собориле авионот како што тврди Москва и бара независна меѓународна истрага.
Москва тврди дека авионот превезувал украински воени заробеници, а Украина вели дека носел руски ракети.Русија тврди дека во авионската несреќа загинале 74 луѓе, од кои шест членови на екипажот, тројца руски и 65 украински војници. Москва не достави докази за да ги потврди тврдењата дека во авионот имало украински војници.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




