16 Декември, 2025
0.0834

„ПО ВАКВА ИЗЈАВА, БИ БИЛО КРАЈНО НЕСЕРИОЗНО ДА НЕ СЕ СВИКА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ОД СИЛЈАНОВСКА“: Новинарот Ризвановиќ вели дека треба сериозна акција од институциите

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

По завчерашниот пожар во Трубарево, но и по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека подметнувања на пожари ќе има, затоа што одредени центри на моќ не сакаат оваа влада да успее, новинарот Сеад Ризвановиќ вели дека потребна е итна акција на сите институции.
После изјавата на премиерот Мицкоски во врска со пожарите дека "Вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следи, затоа што постојат центри на моќ во државата, но и надвор од неа кои не сакаат оваа Влада да успее", треба сериозна акција од институциите.

Ова не е прва изјава од ваков тип, и слушнавме изјави и од други функционери дека се работи за "хибридни закани" или диверзии против државата

Бидејќи се работи за премиер на државата, кој претпоставувам добива информации од безбедносните служби за овие закани, слободно можеме да кажеме дека состојбата е алармантна

После ваква изјава би било крајно несериозно да не се свика Советот за безбедност од страна на Претседателката Сиљановска - Давкова, да се оформи кризен штаб и да се прогласи кризна состојба состојба на ниво на државата за да може да се употреби и армијата

Припадниците на армијата треба веднаш да го превземат надворешното обезбедување на критичните објекти, каде поголем пожaр би можел да има пошироки последици врз непосредниот или поширокиот регион, како што се Скопската рафинерија, и сите складишта на гориво

Инспекциските органи заедно со полицијата треба да излезат на терен и итно да ги проверат сите отпади и складишта дали работат согласно законските прописи, да се проверат сите компании кои имаат складирано запаливи компоненти, особено хемиски компоненти дали имаат соодветна противпожарна заштита, и да им се наложи да компаниите да ангажираат дополнително обезбедување

Било каква (не)активност на институциите под нивото на овие мерки би било крајно несериозно и неодговорно, бидејќи имаме надворешен фактор кој сака да предизвика дестабилизација преку еколошка катастрофа, што е една од најсериозната форма на асиметрична закана и хибридна војна“, напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“