По веста за прислушувањето во ОЈО Владата се огласи-ќе се истражува случајот
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2018 15:13
Нов скандал поврзан со прислушување.
Обвинителите во скопското обвинители со години биле прислушувани а осуди по оваа вест стигнаа од владата од каде велат дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека Владата очекува институциите со полн капацитет да се посветат на истрагата, да се расчисти настанот и јавноста да биде веднаш и целосно информирана.
– Тоа што можеме во моментов да го кажеме е дека МВР е целосно вклучено во предистражната постапка. Одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница. Владата на РМ исто така ги става на располагање на ОЈО сите капацитети со кои располага доколку тоа е потребно и биде побарано, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Државниот јавен обвинтел Љубомир Јовески денеска соопшти дека од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации.
Тој рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив. Отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




