ПОБАРА КОНГРЕС: Koвачевски се повлече од лидерската позиција во СДСМ
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024 19:03
Димитар Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ и го повика целото раководство да го направи истото.
На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин.
„Ковачевски го потврди повлекувањето на денешната седница на партискиот Извршен одбор на СДСМ која ја најави на 8 мај, како високо морален чин и согласно Статутот на партија иницираше свикување конгрес заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од конгресот, со оглед на изборните резултати“, информира СДСМ.
Партијата ќе ги анализира резултатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години.
„Тој процес не смее да биде долг, но никако ни брзоплет, стихиен и експресен. Тој процес на длабока внатрешна промена и консолидација може да го изведат само оние кои се подготвени да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата во државата. Оние кои немаат багаж од било каков вид, особено не такви карактеристики, заради кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција и на локално и на централно ниво“, вели Ковачевски.
Рече дека првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде обновување на идеолошката и вредносна матрица која ќе ги собере сите прогресивни сили на левиот центар во државата.
Вториот чекор, треба да биде длабока кадровска промена и создавање на силен кадровски потенцијал, со вистински и докажани социјалдемократи, со вредности и знаење, со чесност и енергија, со мотив и со искреност кон партијата.
Вечерва во 19.30 часот, СДСМ ќе одржи седница на извршниот одбор, свикан по иницијатива на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




