ПОБАРУВАЧКАТА РАСТЕ: Нафтата поскапува на светските пазари
Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Мај, 2020 14:36
Нафтата поскапува веќе три седмици.
Има раст на цената на нафтата откако голем број држави во светот почнаа да ги олабавуваат рестриктивните мерки поврзани со справување со коронавирусот.
Порасна и побарувачката за нафта, додека залихите направени изминатиот период почнаа да се „топат“.
На лондонскиот пазар за нафта цената за барел минатата недела скокна за 5,2 отсто, на 32,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за скоро 20 проценти, на 29,43 долари.
Цената на нафтата претходно падна на најниско ниво за изминативе 20 години, затоа што поради корона кризата светската економија потона во рецесија, па остро падна и побарувачката за нафта.
На 15 мај, цената на „црното злато“ порасна на едномесечен максимум.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





