18 Декември, 2025
0.0695

ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ: „Кралот на чоколадите“ ќе биде претседател на Украина?

Објавено во: Свет 25 Мај, 2014 20:46

Добивај вести на Viber

Украинскиот олигарх Петро Порошенко прогласи победа на вонредните претседателски избори во Украина уште во првиот круг. Според излезните анкети на денешните избори тој освоил 55,9 проценти од гласовите. Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенка се нашла на второто место, со освоени помалку од 12 проценти од гласовите. „Сите анкети покажуваат дека изборите се завршени во првиот круг и дека државата веќе има нов претседател“, рече Порошенко пред своите приврзаници, ветувајќи дека прв приоритет во неговиот мандат ќе му биде да завршат „војната и хаосот“ предизвикани пд проруските бунтовници. Порошенко истакнал дека Украинците му дале мандат да го продолжи курсот на интеграции кон Европа и најавил дека парламентарните избори треба да се одржат годинава. „Спој меѓу Вили Вонка и Че Гевара“ – вака познавачите го опишуваат украинскиот „чоколаден“ милијардер. Петро Порошенко, пратеник и поранешен министер во украинската Влада, познат е уште како „крал на чоколадите“ заради неговата кондиторска империја. Тој уживаше голем углед меѓу демонстрантите на Плоштадот на независноста во Киев. Познат како отворен поддржувач на евроинтеграцијата на Украина, Порошенко за време на најжестоките немири секојдневно им делел чоколади на демонстрантите на улиците во Киев. Сепак, тој има искуство во работата со два спротивставени украински табори – беше министер за надворешни работи на поранешниот претседател Виктор Јушченко и тогашниот премиер Јулија Тимошенко, а пред извесно време беше министер за трговија и економски развој во Владата блиска на Јанукович. Неговото богатство е проценето на 1,6 милијарди американски долари, а освен кондиторската индустрија, поседува и конфекција, ТВ канал, бродоградилишта.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина