ПОБЕДА ЗА ТРАМП: Сенатот го одобри амбициозниот проект за даночна реформа
Објавено во: Финансии 02 Декември, 2017 18:28
Сенатот на американскиот Конгрес, во кој мнозинство имаат републиканците, го одобри ноќеска амбициозниот проект за даночна реформа и намалување на даноците, што е важна победа за претседателот Доналд Трамп, пренесе Франс прес.
Текстот беше усвоен со 51 од 49 гласови и сега е усогласен со верзијата усвоена од Претставничкиот дом.
Реформата на даночниот систем ќе биде првото големо достигнување на 45-тиот претседател на САД, кој оваа есен не успеа да наметне укинување на законот за здравствена заштита од времето на Барак Обама, забележува АФП.
Ниту еден демократски сенатор не го поддржуваше реструктуирањето на републиканската даночна реформа од 1,5 милијарди долари. Боб Коркур сенаторот републиканец од Тенеси според кој растечкиот јавен долг е закана за националната безбедност, гласаше заедно со демократите против даночната реформа.
Таа ги постави основите за намалување на даноците за бизнисите и на луѓето со високи приходи и ќе биде првата значајна промена на даночниот систем во последните три децении, додава АП.
Еве ги главните бројки во буџетот.
-4.1 трилиони долари - вкупниот износ на предложените трошоци за следната година.
-3,6 трилиони долари - кратење во текот на следната деценија, за кои Белата куќа вели дека ќе постигне избалансиран буџет.
-610 милијарди долари - штедења, кои претседателот предлага да бидат направени во текот на следните десет години "Медикеи" - програмата преку која се преземат сметките за здравство и старечки домови на милиони Американци со ниски приходи.
-191 милијарди долари - заштеди што ги нуди администрацијата според програмата за купони за храна.
-2,6 милијарди долари - износот одвоен за гранична безбедност, вклучувајќи 1,6 милијарди долари за "планирање, проектирање и изградба на ѕид по јужната граница" (со Мексико).
-56 400 - бројот на војници, морнари и пилоти кои ќе го зголемат составот на Министерството за одбрана над оној што го планира администрацијата на Обама.
6 - број на недели на платено отсуство при раѓање или посвојување на дете според програма предложена за создавање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





