19 Декември, 2025
0.0398

ПОБЕДНИК НА ОРАТОРСКАТА ВЕЧЕР: Секој удрен пендрек значеше нов пораз за режимот!

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 10:26

Добивај вести на Viber

“Тепаа студенти, без дозвола влегуваа во Универзитетскиот простор, нè бркаа по улиците како најголеми криминалци,  но тоа ни за момент не значеше наше откажување. Напротив! Секој удрен пендрек значеше покажување на слабост на режимот кој сакаше да ги репресира прогресивните студенти! Секој удрен пендрек значеше наша победа! “- ова беше дел од говорот на студентот по право Ѓорѓи Рајчиновски со кој ја понесе победата на традиционалната ораторска вечер  ,,Иво Пухан“ на Правниот факултет.

Ораторскиот говор вели Рајчиноски е  исповед за студентската битка изминативе две години, етикетите кои ги добивале поради нивната критичка мисла и протестот пред седиштето на Студентскиот парламент  кога со  насилство беа избркани од ЕБР.

“Говорот всушност претставува исповед за битките што повеќе од две  години ги водиме како студенти.  Борбата против државниот испит, преку континуираната борба против лошите реформи во образованието доведе до борба за легален и легитимен претставник на студентите. Се формираа комисии,но проблемите не се решија се` уште. Со мојот говор имав цел да ги поттикнам студентите да не се откажуваат од борбата за општество кое ние самите ќе го креираме и обликуваме, а тоа треба да го започнеме од местото во кое моментално гравитираме,  а тоа е Универзитетот”- вели Рајчиноски.

Студентите според него покажаа дека имаат сила и потенцијал да изберат слободно општество. Дополнително, во сензитивната општествена ситуација во која се наоѓаме сега, студентите се должни да реагираат , а Универзитетот треба да е каналот кој ќе го спроведе тоа, наместо  да остане нем набљудувач на ситуациите како досега.

“Она што особено е страшно во овој период е тоа  што  Студентскиот пленум, како автентично  студентско движење е злоупотребен од страна на лица кои го регистрирале во Централниот регистар како невладина студентска организација со што сакат да го нарушат кредибилитетот на ова движење кое ја разбуди Македонија.Студентите мораат да се изборат за силна студентска организација сами, затоа што никој тоа нема да ни го овозможи без борба”- потенцира студентот по право.

Студентите по дефиниција се носители на промените и напредокот на едно општество. Тие се клучен столб на секоја демократска земја и творци на принципите и вредностите кои едно општество треба да ги поседува. Во едно апатично општество како нашето, потенцира Рајчиноски, студентите мораат да бидат гласноговорници на критичка мисла и поведувачи на широките маси кон еден подобар живот.

“Каде беше студентската организација, таканаречена Студентски парламент? Уживаше во парите кои што ги добваат од нас за заштита на нашите права. Трошеа на патувања во странство, виски и студентски забави додека ние говоревме за слобода, правда, еднаквост по улиците.А Универзитетот остана нем. Молчеше ректорот. Молчеа деканите. Професорите молчеа исто така. Ја отфлија одговорноста, а постоеше начин, начин кој сè уште постои, за тие да го решат ова прашање. Нам ни треба револуција на умот. Револуција после која студентските лидери нема да бидат полтрони на партијата на власт, а нивна најголема цел слика со премиерот на партиски митинг”-нагласува Рајчиноски.

Преку пароли и пораки, додава,  се вдахнуваше  живот  во општеството кое умираше. Обединети по сите линии, студентите вели,  демонстрираа сила со  постоењето на организиран настап и заедничка цел. А,  напади како што  вели добиле од многу страни. Дури и од  професори кои ги  нарекувале  платеници, предавници, соросоиди. Оттука порачува дека нема да  чекаат  да го решат ова прашање луѓе кои ја веднат главата за да останат на својата функција,  ниту ќе бараат помош од луѓе кои немаат став по најважните политичко-општествени промени. Промените,  потенцира најдобриот оратор, ќе дојдат од организираното студентско движење, од прогресивната младина која ќе знае да препознае и да побара  квалитет и знаење, подобар животен стандард и услови за достоинствен живот во својата земја.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки