20 Декември, 2025
0.0456

Победникот е… – Прогласени најдобрите трговски објекти за 2013

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2013 14:14

Добивај вести на Viber

Град Скопје во соработка со Агенцијата „SWOT Research“, во периодот на месец ноември, по седми пат го спроведе истражувањето за најдобри трговски објекти за 2013 година, реализирано во рамки на проектот Месец на Трговијата, а денеска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците им додели јавно признание во форма на плакета. - Месец на трговија е проект кој Градот Скопје го организира по седми пат со цел да ја разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема купувачите, како и заради подигнување на општото ниво на квалитет во трговските објекти на територијата на Градот. Овој проект Градот Скопје го организира со цел да го поттикне и поддржи развојот на трговијата и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки. Ние сме особено горди што со сите спроведени истражувања, од година во година, можеме да видиме дека голем дел од трговците континуирано работат во насока на подобрување на услугата и целат кон развој на трговијата следејќи ги трендовите од Европа и светот. Во оваа пригода сакам да им честитам на оние трговски објекти што оваа година согласно со истражувањето се вброени во најдобрите и да Ви порачам на сите трговци да соработувате меѓусебно, и да разменувате идеи, а Градот Скопје ќе остане посветен на унапредување на квалитетот на услугата во сите трговски објекти и истовремено сакам да потенцирам дека градската администрација, Секторот за локален економски развој и јас како Градоначалник на Град Скопје ви стоиме на располагање и за какви било сугестии и идеи од Ваша страна, ние сме тука да Ве поддржиме и заедно да работиме за зголемен развој на трговијата, истакна градоначалникот Трајановски. Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета на независни и објективни тајни купувачи кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата во трговските објекти според однапред утврдени критериуми. Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се: СУПЕРМАРКЕТИ 1. ТИНЕКС 2. ТЕДИКО СУПЕР 3. НОВА МАРКЕТ САЛОНИ ЗА МЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА 1. ЛЕСНИНА МИ 2. МЕБЕЛ ВИ 3. АКРОН СКОПЈЕ ПАРФИМЕРИИ И КОЗМЕТИКА 1. ТЕСОРИ ДИ МАРЕ 2. ЕЛИКСИР ЕКСКЛУЗИВ 3. РИ-МА БУТИЦИ 1. ЕНЦИ МЕНЦИ 2. ФОКАБО 3. КОНЕЛИ АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, БЕЛА ТЕХНИКА И СЕ ЗА ДОМА 1. ТАЈМ-С 2. НЕПТУН 3. МИГОР ДЕЛ СТОР КОМПЈУТЕРСКА, АУДИО-ВИДЕО И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА 1. АЈ СТАИЛ 2. ГАЛЕРИЈА СОНИ 3. НЕВАДА МОДНИ ДОДАТОЦИ И НАКИТ 1. СИГМА 2. ТЕСОРО 3. Б-ВОЧ Испитувањето, секоја година, се спроведува според следните 6 критериуми: изглед на продажното место, прв контакт со вработените, услуга на вработените, продажни вештини, завршен контакт и задоволство со купувачкото искуство. Резултатите од истражувањето јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци и препораки за во иднина. Врз основа на резултатите од истражувањето, се избераат три најдобри трговски објекти од секоја категорија што постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата. Годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел и оние за накит, па бутиците, продавниците за апарти за домаќинство и бела техника и за компјутерска опрема, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите, чиишто вработени реално не можат да им посветат доволно внимание на сите купувачи одделно.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии