04 Јануари, 2025
0.0278

ПОБРЗО И МНОГУ ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКА ВИЗА ВО 2025: Некои ќе имаат приоритет, итно им треба нова работна сила

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Германското Министерство за надворешни работи планира голема дигитализација на издавањето визи од 2025 година. Целта е да се забрза процесот на доаѓање на квалификувана работна сила во Германија.

Коментарите на интернет-форумите на луѓе кои бараат виза за Германија не изгледаат многу мотивирачки: „Исклучително е тешко да се добие термин“, пишува еден студент од Мароко на платформата „Редит“. Трет кандидат дава совет: сè му се одвивало без проблеми кога испратил мејл до германската амбасада во кој ја пофалил „убавата земја со богата култура, прекрасни пејсажи и топло гостопримство“, пишува ДВ.

Дали ваквите трикови навистина помагаат, не можеме да потврдиме, но никој не спори дека се неопходни подобрувања кога станува збор за визите: дури и министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, често ги споменува корпите полни со документи кои се пренесуваат од едно биро на друго во амбасадите, и дека чекањето за визи е девет месеци или подолго.

Затоа, според Бербок, вистинска „револуција“ е Министерството за надворешни работи да премине на дигитален процес од 2025 година. Дигитализацијата на визите се смета за еден од нејзините најважни проекти и неочекувано ќе стане една од последните реформи на оваа влада.

Годишно 2,3 милиони барања за германски визи

Министерството годишно обработува просечно 2,3 милиони барања за германски визи. Дел од тие барања - кои бележат најголем раст - сега ќе бидат дигитализирани. „Бројот на барања за национални визи за долгорочен престој е значително зголемен“, вели Клеменс Коенен, специјален комесар за дигитализација на визи во Министерството за надворешни работи.

Годишно се разгледуваат речиси 500.000 апликации, на пример за професионалци, студенти или за обединување на семејството. „Нашата цел е да обработиме што повеќе од нив преку порталот за странски државјани“, објаснува Конен.

Порталот за странски граѓани (Das Auslandsportal) е нова веб-локација поврзана со 167 германски канцеларии за визи ширум светот.

Најголем број барања моментално доаѓаат од Турција, Индија и Кина. Сепак, дури и малата канцеларија за визи во Рејкјавик, која обработува само десетина апликации месечно, е дел од системот. Амбасадите во кризните региони, како што се претставништвата во Бејрут или Техеран, често се зафатени со решавање на други проблеми. Останува да видиме кога ќе има време да се префрлиме на новиот систем.

Веб-страницата ги води корисниците на германски или англиски јазик преку еден вид прашалник: „Колку долго сакате да останете или „Кои професионални квалификации можете да ги докажете? Во најдоброто сценарио, корисниците на крајот ќе стигнат до соодветната апликација за виза и ќе дознаат какви документи сè уште им недостасуваат.

Развојот чини 13,6 милиони евра

Во развојот на порталот од 2021 година досега се инвестирани вкупно 13,6 милиони евра. Целта е платформата да биде „интуитивна за употреба“, вели проект менаџерот Катарина Боненфан. Недостатокот на дополнителни јазици не се покажа како пречка за време на тестирањето: „Корисниците чиј мајчин јазик не е германски, ниту пак англиски, успешно ја користат функцијата за преведување во прелистувачот за сите потребни чекори“, објаснува таа.

Претходниот процес се базираше на хартии, а тесно грло беа термините на шалтерите. Кандидатите често чекаа долго време на интервју во амбасадата, за да дознаат таму дека сè уште не е можна одлука.

Пред воведувањето на порталот за странски државјани, закажувањето во канцеларијата за визи во просек траело околу 20 минути, вели Боненфан: „Но, често се поставуваа дополнителни прашања во врска со доставените документи, за кои беше потребно да се закаже нов термин.

Со помош на порталот, подготовката за закажувањето на шалтер ќе биде многу подобра. Тестовите во Бразил и Кина покажаа дека на овој начин е можно значително да се скрати времето поминато на лице место.

Експертите ќе имаат приоритет

А германските компании кои вработуваат експерти од странство треба да имаат подобри можности за планирање. Особено за националните визи, во последно време има значително зголемување на времето на чекање. „Ова ја отежнува работната миграција, која, според истражувањата, ни е неопходна“, вели Клеменс Конен, додавајќи дека во новиот процес, приоритет ќе имаат експертите.

За да се дозволи повеќе термини, нои да се скрати времето на чекање, Министерството за надворешни работи ангажираше вработени кои ги обработуваат барањата од Германија и на тој начин даваат поддршка на колегите во регионите со особено голем број барања.

МНР: Порталот за странски државјани е безбеден

Лансирањето на порталот за странски државјани доаѓа среде изборната кампања, во која значајна улога имаат миграциските прашања. Министерството за надворешни работи се обидува однапред да ги елиминира можните критики за дигиталниот процес. Тој, на пример, нагласува дека дигиталниот процес не е помалку безбеден од хартиениот. Добивањето германска виза „со неколку кликања“ е погрешен впечаток.

„Закажувањето шалтер и доставувањето отпечатоци од прсти сепак ќе биде задолжително“, вели Катарина Боненфан Исто така, оригиналните документи ќе бидат проверени за „автентичност“. Во сомнителни случаи, дигиталниот процес може дури и да дозволи повеќе време за темелна проверка.

Но, од МНР потврдуваат дека веќе се снимени првите напади на порталот. Од странство, тие се обидоа да ја преоптоварат страницата или „да се пробијат во системот“, вели Боненфан „Тоа беше очекувано. Вакви напади се очекуваат во иднина, па се воведени дополнителни нивоа на безбедност.

фото: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

СИ ЗАМИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ - почина Јапонката Томико Итока во 116 година од животот

СИ ЗАМИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ - почина Јапонката Томико Итока во 116 година од животот

ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА КАКО ОСУДЕНИК, НО ЌЕ БИДЕ СЛОБОДЕН - еве што вели судијата пред изрекувањето на казната на 10 јануари

ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА КАКО ОСУДЕНИК, НО ЌЕ БИДЕ СЛОБОДЕН - еве што вели судијата пред изрекувањето на казната на 10 јануари

ИЛОН МАСК ДОБИ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКИОТ ВИЦЕКАНЦЕЛАР: Рацете подалеку од нашата демократија

ИЛОН МАСК ДОБИ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКИОТ ВИЦЕКАНЦЕЛАР: Рацете подалеку од нашата демократија

ЗЕЛЕНСКИ ЗА ТРАМП: Тој е во состојба да го запре Путин

ЗЕЛЕНСКИ ЗА ТРАМП: Тој е во состојба да го запре Путин

ГРЕНЛАНД САКА НЕЗАВИСНОСТ ОД ДАНСКА: Островот е богат со минерали, нафта, гас

ГРЕНЛАНД САКА НЕЗАВИСНОСТ ОД ДАНСКА: Островот е богат со минерали, нафта, гас

ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА НА АВСТРИЈА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЛЕДУВА! Најмалата партија се откажа

ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА НА АВСТРИЈА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЛЕДУВА! Најмалата партија се откажа

ОД КОВИДОТ ИМА И НЕКАКВА КОРИСТ – ГИ НАМАЛУВА ТУМОРИТЕ: Што открива најновото истражување

ОД КОВИДОТ ИМА И НЕКАКВА КОРИСТ – ГИ НАМАЛУВА ТУМОРИТЕ: Што открива најновото истражување

СИРИЈЦИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД: Стотици илјади влегле во земјата од 8 декември до сега

СИРИЈЦИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД: Стотици илјади влегле во земјата од 8 декември до сега

ЕЛИТЕН ВОЈНИК ИЗГОРЕЛ ВО САЈБЕРКАМИОНОТ НА ТЕСЛА: Идентификуван е, си пукал во глава пред експлозијата

ЕЛИТЕН ВОЈНИК ИЗГОРЕЛ ВО САЈБЕРКАМИОНОТ НА ТЕСЛА: Идентификуван е, си пукал во глава пред експлозијата