Почина 65-годишна жена од коронавирусот, за едно деноноќие уште 25 новозаболени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Април, 2020
Почина 65-годишна жена од коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека пациентката имала повеќе коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.
Истовремено, тој информираше дека денеска од Клиниката за инфективни болести биле испишани 5 пациенти, на кои им бил направен 2 контролен тест за коронавирусот, кој е негативен. Во добра здравствена состојба се и пациентите во Дебар кои се на домашно лекување. На 11 од нив ќе им бидат земени конгролни брисеви, а сите се во добра општа здравствена состојба.
Филипче информираше и за дневната статистика според која во моментов има вкупно 354 заболени од коронавирусо. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.