ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЕВРОПЕЈЦИ: Раководеше со Hexagon, Hekpol и Securitas и стекна богатството од 10 милијарди евра
Објавено во: Економија 11 Декември, 2023
Еден од
најбогатите луѓе во Европа, Мелкер Шорлинг, почина во Шведска. На
неодамна објавената листа на најбогати луѓе во оваа земја, Шорлинг со богатство
проценето на 10 милијарди евра се најде на второто место, веднаш зад Стефан
Персон, поранешниот сопственик на светскиот синџир бутици H&M.
Шорлинг пораснал на село, неговиот татко имал фарма во близина на градот Оребра. Поради тешкото и напорно воспитување уште како млад решил да стане свој, самостоен и финансиски стабилен. Во своите 76 години живот успеал во се.
Дипломирал на Факултетот за бизнис, економија и правo на Универзитетот во Гетеборг.
Овој милијардер стоеше зад успешните компании како Hexagon, Hekpol и Securitas, на чие чело дојде во 1987 година во време кога оваа компанија специјализирана за безбедност го минуваше својот најлош период. Десет години подоцна компанијата беше на врвот на светот во таа индустрија.
Шорлинг се пензионираше како CEO во 2017 година поради здравствени проблеми, а го наследија неговите ќерки Софија и Марта, кои набрзо ја презедоа компанијата со милијардерот Стефан Персон.
На листата на Форбс за најбогати луѓе објавена оваа година, Шорлинг се најде на 184 место.
Почина во Никопинг, Шведска на 76-годишна возраст.
ФОТО: YouTube/Print Screen* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.