Почина Виктор Мизрахи, таткото на Рашела Мизрахи и долгогодишен претседател на ЕЗМ
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2022 11:34
Виктор Самуел Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, денеска почина по кусо боледување.
Мизрахи беше поранешен почесен конзул на државата Израел и татко на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Еврејската заедница се простува со него опишувајќи го како голем македонски патриот и еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија.
„Виктор Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка“, велат од ЕЗМ.
Со него на социјалните мрежи се прости и Рашела Мизрахи.
„Збогум тато. Велеше да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото. До следно видување. Виктор Самуел Мизрахи (1950-2022)“, напиша пратеничката.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




