Починал овчарот кој на раце во кома беше носен до болница: Фатален исход од нефункционалноста на системот
Објавено во: Македонија 06 Април, 2021
Овчарот кој имаше 63 години починал по една седмица во кома, утрово во Штипската болница, потврдиле за Телма од болницата.
Сточарот преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекарот Павле Зафиров од кратовската Итна помош преку ФБ објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.
Откако лекарот ја објави информацијата и фотографиите од спасувањето на ФБ, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.
По ова само со реакција се јави вицепремиерот Никола Димитров кој рече дека се чувствува одговорен, но дека во државата треба да се престане со практиката да се тврди дека секој е ненадлежен. Институциите си ја префрлаа вината.
Директорот на Центарот з ауправување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека е запрепастувачки фактот што во една општина не може да се најде возило за помош на граѓанин кој е во животозагрозувачка состојба. Најави дека комисија ќе испитува дали имало пропусти во институцијата со која раководи тој или кај некој друг.
Ангелов вели дека оперативецот на ЦУК во Кратово направил сè што можел, но никој немал возило.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.