Починале шест лица, повторно трицифрен број заболени
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020
Во последните 24 часа се регистрирани 129 нови случаи на ковид-19 во земјава. Во последното деноноќие починале шест лица.
По градови најмногу новозаболени се во Скопје повторно каде се регистрирани 45 нви случаи. Следува Штип сдо 25 нови, Гостивар и Тетово по 9. Во Кманово има 7. Дебар 1, -Прилеп 4, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6.
Од починатите шест лица пет пациенти се од Скопје и еден од Струга.
Во последното деноноќие направени се 1.535 тестирања.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 92. 550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.