05 Декември, 2025
0.0289

Почна да се откупува грозје од сортата „кардинал“, лозарите се задоволни од цените

Објавено во: Агробизнис 20 Јули, 2013 18:30

Добивај вести на Viber

Почна да се откупува грозје од сортата “ Кардинал“. Лозарите велат дека цените се добри и даваат надеж дека ќе има одлична реколта. Трпезното грозје“ Кардинал“ од страна на тровците се откупува од 32 до 50 денари за килограм. Од регионалниот сојуз Агротиквешија велат дека ќе бидат задоволни со откупна цена на винското грозје од 14 и 12 денари за килограм.

“ Стартуваше бербата за трпезното грозје, но за винското е друга работа . Да видиме како ќе бидат работите , ние преговараме, па ќе видиме што ќе се дговориме. Ако се откупува по цена од 14 денари за килограм бело и 12 денари за килограм црно , ние ќе бидеме задоволни . Досега работевме на работ на рентабилноста или работевме со загуби. Сега еве гледаме цените на виното се зголемени, но и извозот исто така на вино е зголемен“ изјави Љупчо Аризанов, претседател на регионален сојуз Агротиквешија. Од регионланиот сојуз Агротиквешија велат дека годината поради раната вегетација, бербата на винското грозје ќе започне две недели порано, за разлика од минатите години. Освен прогнозите за добар род од винарските визби засега не калкулираат со откупните цени.

Откако од здружението на производители на вино алармираа дека може да се појави проблем при откупот, како резултат на одземените лиценци на четири винарии, владата им даде втора шанса.

Со законски измени кои ја поминаа владината процедура , се овозможува винарските визби кои не ги платиле обврските кон државата, се избришани од регистарот по втор пат, сега да можат да поднесат документација и да бидат повторно впишани. Нивна обврска е да поднесат комплетна финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги подмириле сите обврски кон лозарите, а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна камата согласно Законот за облигациски односи кој ќе се пресметува од 30 април кога требало да ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги подмириле.

Измените треба да стапат на сила до први август.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?