05 Декември, 2025
0.1579

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛИДЛ ВО НОВО ЛИСИЧЕ - објектот ќе се протега на 3.438 метри квадратни

Објавено во: Економија 03 Септември, 2025 12:06

Добивај вести на Viber

Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект на „Лидл“ на парцела покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“  ќе се протега на површина од 3.438 метри квадратни со модерен продажен самол од 1200 метри квадратни и 57 паркинг места.

-Ова не се само бројки туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој, рече премиерит Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста. 

Според Мицкоски, со оваа инвестиција Македонија добива нова енергија и нови работни места и е потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите. Овој проекет, оцени, е почеток на ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, со поголема конкуренција и подобри услови за граѓаните. 

Мицкоски потсети дека инвестицијата на „Лидл“ во Македонија се одолговлекуваше и беше заглавена, но оти по изборот на Владата е откочена и ставена меѓу првите прироритети.

- Менаџментот на Лидл ја прифати нашата  забалеша за  зголемување на застапеноста на домашното проиозводство и на македонските производи на полиците на „Лидл“, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија и се грди доверба кај потрошувачите дека македонското  е најдобро.  

Македонски производи не само што ќе се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во Македонија, туку вече се на полиците на „Лидл“ во околните земји. Во 2024 година извозот беше  5 милиони евра, а годинава очекуваме да достигне 10 милиони евра и да продолжи да расте - рече Мицкоски.

Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општина Гази Баба.

Извршниот претставник на „Лидл“ Милена Драгиска-Денчева истакна дека на оваа нова локација во општина Аеродром ќе се гради по најсовремените меѓународни стандарди и нема да понуди само современ физички изглед, туку ќе биде изградена и од еколошки градежни материјали, со фокус на енергетската ефикасност. 

- Целта е на нашите потрошувачи да им се обезбеди врвно искуство во пазарувањето и секако по поволни цели.  Многу е важен развојот на пазарната економија, па јас како претставничка на „Лидл“ тука би сакала да ја потенцирам нашата долгорочна посветеност која ја имаме и кон граѓаните. 

Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку посветени сме на растот и на развојот и на подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и поддршка на локалните производители, чии производи веќе се пласирани на другите пазари на „Лидл“ - рече Драгиска-Денчева. 

Таа изрази благодарност за поддршката и помошта до сите институции, на централно и на локално ниво. 

- Наша огромна радост е за неколку месеци да ги отвориме вратите за граѓаните на општина Аеродром и за граѓаните на Македонија. Се надеваме дека со нашата работа ќе ја заслужиме и вашата доверба и можеби ќе станеме претпочитано место за пазарење - нагласи Драгиска-Денчева.

На поставувањето на камен-темечникот на новиот продажен маркет на „Лидл“ присуствуваа , вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката