Почна Новогодишниот караван на Фондацијата Телеком за Македонија
Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат над 2000 деца од ранливи категории низ Македонија
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2016 13:10
Во пресрет на Новогодишните празници, денеска во Кавадарци, Куманово, Битола, Неготино и Штип почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија. Караванот кој се одржува четиринаесетти пат, годинава ќе израдува над 2000 деца низ Македонија.
Организиран од волонтери, вработени во Македонски Телеком, Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.
Од денеска, па сè до крајот на декември волонтерите ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца, со една цел да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.
Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот караван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава караванот ќе го реализираат педесет волонтери.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




