Почна обуката за проектен менаџмент во Струмица
Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2013 18:32
Во рамките на имплементацијата на проектот „Развој на алтернативни форми на туризам“ финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, денеска во Струмица почна обуката за проектен менаџмент.
Во обуката учествуваат 38 луѓе од разни профили кои се пријавија по јавниот повик што го објави Канцеларијата за европски проекти која работи при општина Струмица.
„Првично целта беше да се зајакнат капацитетите на проектното одделение кое го формираше општина Струмица и е меѓу ретките во единиците на локалната самоуправа, но во координација со претставниците од општината констатиравме дека убаво е да се видат останатите капацитети на територијата на општина Струмица и затоа беше јавно објавено. Проектниот менаџмент е веќе наука, не е само пишување на проекти, затоа што постојат модули кои што се користат кај сите донатори, вклучително и ЕУ како еден од најголемите поддржувачи на пазарот на донатори и потребна е некаква основа за да може со тие модули и алатки сето тоа да се направи на еден организиран начин и да се следат правилата кои веќе се поставени“, изјави Александар Гумберовски, независен консултант.
Основните и напредните обуки се од областа на раководење со проектен циклус, подготовка на ЕУ апликации, расположливи ЕУ фондови и други теми поврзани со проектен менаџмент.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





