05 Декември, 2025
0.0292

Почна распределбата на картички за „зелена нафта“ во Велес, картичките се доставени до над 60% од подрачните единици

Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2019 16:43

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски беа во посета на Велес, кадешто денеска почна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ со вкупна вредност од 6.659.533 денари.

„Преку оваа мерка на сметките на 55 илјади земјоделци враќаме околу 200 милиони денари со што се покриваат 30% од трошоците за нафта. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со зелената нафта и со сите преземени досегашни мерки ги намалуваме производствените трошоци а со тоа го правиме домашниот агро – сектор пооддржлив“, изјави министерот Димковски.

До крај на овој месец сите кои исполнуваат услови за добивање на средства од оваа мерка ќе ги добијат персонализираните платежни картички.

„Платежната Агенција заедно со подрачните единици до денеска дистрибуираа вкупно 33.331 персонализирани платежни картички за зелена нафта. До денеска над 60 % или до 22 подрачни единици се доставени платежните картички. Апелирам, до сите земјоделци при подигање на картичките да направат споредба на износот кој го имаат на картичките со износот кој им е одобрен на решението“, истакна Бабовски. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?