05 Декември, 2025
0.0911

Почна закројувањето на лозите – претседателот Иванов прв на лозје!

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2014 13:13

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорге Иванов ја закрои првата винова лоза во Демир Капија, на традиционалната свеченост во чест на верскиот празник Св. Трифун. Иванов ја закрои лозата заедно со градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев и им посака на лозарите да имаат квалитетен род во лозјата, а од квалитетно грозје потоа да се добие квалитетно вино.
„Македонија е позната меѓу другото и како земја на грозјето и виното. Ако во виното е вистината, нека се пие вино, порача претседателот.
Верскиот празник Св. Трифун лозарите го празнуваат бидејќи се означува почетокот на новата родна година. На свеченоста во центарот на Демир Капија беа доделени наградите од организираните натпревари за најдобро произведено вино и ракија во домашни услови, како и натпреварите во кроење лозови прачки и подготовка на традиционални јадења.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?