05 Декември, 2025
0.0544

Почна жетвата во Пелагонија-првото класје не го даде очекуваниот род!

Објавено во: Агробизнис 02 Јули, 2013 12:24

Добивај вести на Viber

Во битолскиот дел на Пелагонија денеска почна жетвата на пченицата, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола.

Според податоците на подрачната единица на  министерството за земјоделство во Битола жетвата се одвива на повисоките делови на Пелагонија, односно во атарот на селата Бач и Гермијан кои се наоѓаат во непосредна близина на македонско-грчката граница.

Во битолскиот регион со пченица годинава се засеани околу 17.000 хектари, а првичните информации со кои располага  подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола се дека приносите се слаби.

„Првичните информации од терен не се добри, приносот не задоволува бидејќи првото класје не го даде очекуваниот род. За жал временските услови си го направија своето“ истакна раководителот на подрачната единица, Илија Србиновски.

Во овој регион во тек е и жетвата на јачменот кој годинава е засеан на површина од 5.000 хектари, а веќе е завршена и жетвата на маслодајната репка која беше засеана на површина од 1.500 хектари.

Агро-експертите потврдуваат дека годинава има послаб род и кај масолдајната репка, и истиот се движи од 1.000 до 1.200 килограми по хектар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?