19 Декември, 2025
0.1362

Почнете да се пакувате: Ова се причините поради кои морате на одмор во Грција!

Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2015 20:04

Добивај вести на Viber

Чекавте цела година да добиете одмор и после тоа конечно да отпатувате некаде да уживате.

Морето ви се чинеше како најдобра опција. Грција е една од најлогичните опции, бидјеќи е близу и веќе се навикнавте на тој амбиент. После се тоа сега се предомислувате, бидејќи слушнавте дека состојбата таму е лоша?

Немојте! Нема потреба да се двоумите дали да одите или да го откажете веќе платеното летување. Состојбата во Грција е малку напната, но не е до толку за да го одложите долго чеканиот одмор со семејството, пријателите, дечкото или девојката.

Она што треба да го знаете е дека е мирно. Нема никакви знаци дека ќе дојде до некакви судири. Од друга страна два „проблеми“ кои во моментов се споменуваат се банките, односно подигање на пари од банкомати и точење гориво.

Кога станува збор за подигање на пари, има мали проблеми со подигањето, бидејќи Грците во последните дена почнаа масовно да вадат пари од банкомат. Затоа ако ве мрзи да чекате во ред, подобро понесете си пари со вас, отколку да ги чувате на картичка.

Иста е состојбата и со горивото. На пумпите го има, но постои можност да исчезне во некој момент (секако не на некој долг период) , како и да некаде не примаат картички. Поради тоа ако патувате со кола или комби, имајте кеш кај себе или спакувајте во багашник неколку литри за секој случај. Иако не би требало.

Освен овие два примери останатото е се исто како и претходните години. Хотели, услуги, плажите се на високо ниво. Морето е чисто како и порано.

Исто така од туристичките агенции даваат гаранции дека вашето летување ќе помине баш како што сте замислиле.

Поради сето наведено , немојте да слушате гласини и да ја промените одлуката да летувате некаде на друго место (секако ако веќе некаде не се уплатиле) . Одете во Грција како што планиравте и уживајте.

Едноставно, тоа го заслуживте бидејќчи цела година работевте за тие седум, десет дена одмор. Бидете добро расположени и среќен пат!

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен