Почнува гласањето за новите супербрендови во Македонија
Објавено во: Мои пари 01 Април, 2013 10:24
Гласањето за Супербрендс во Македонија за 2013/2014 година официјално почнува од денеска. Како и во претходните години за супербренд ќе бидат прогласени брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од стручното жири и потрошувачите.
Како што најавуваат од Супербренд Македонија, оваа година воведени се две новини, по прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, а се воведува и признанието Супербренд Адриатик, што оваа меѓународна компанија ќе го додели на брендовите кои ќе бидат изгласани во Македонија, но и во некоја од земјите на Адриатик регионот.
- Од денеска официјално најавуваме започнување на гласањето за новите Супербрендови но ги најавуваме и воведените промени. Покрај традиционалното гласање за супербренд, воведовме и категорија зелен супербренд, признание кое ќе го добијат компаниите кои најмногу се грижеле за животната средина. Покрај признанието зелен супербренд, новина е и прогласувањето на Супербренд Адриатик. Ова признание имаат можност да го добијат компаниите кои ќе бидат прогласени за Супербренд во Македонија но и во некоја од земјите на Адриатик регионот, вели Зоран Саздовски претставникот на Супербрендс за Македонија.
Минатата година со престижното признание „Супербрендс” се закитија 43 македонски брендови.
Првите активности на Супербрендс започуваат во Лондон 1994 година со радиска емисија на Би-Би-Си Лондон која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот.
Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





