Почнува исплатата на субвенциите за поледелците
Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2013 15:30
Од денеска почнува исплатата на субвенциите за поледелците, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- Исплативме субнвенции за млекото, за овчарите, за сопствениците на говеда, а во текот на денешниов ден извршивме исплата на 352 милиона денари за поледелските култури, за пченица, пченка, јачмен, просо, детелина и за оризот, рече Ставревски, нагласувајќи дека со оглед на тоа што буџетот е во добра кондиција, Владата продолжува да ги поддржува земјоделците.
Од вчера тече и исплатата на субвенциите за тутунот.
- Вкупно, на име субвенции за тутунот, до крајот на неделава ќе исплатиме 26 милиони евра, 23 милиони исплативме вчера за сите освен три комбинати меѓу кои и прилепскиот. Тие Ќе бидат исплатени до петок. До петок уште 3.500 кооперанти на прилепскиот тутунски комбинат ќе бидат доисплатени со што целосно ќе ја заокружиме исплатата на субвенциите за тутунот, изјави Ставревски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





