05 Декември, 2025
0.0570

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Објавено во: Агробизнис, Мои пари 17 Февруари, 2020 11:58

Добивај вести на Viber

Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.

Во најава е јавен повик за Мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства.  Со таа цел, оваа недела, ќе се одржат информативни и едукативни денови во неколку места/општини низ државата за полесно спроведување и користење на ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 1.

На 18 февруари, инфо караванот ќе ги посети општините Зрновци, во Домот на културата од 11:00 часот и Македонска Каменица, исто така во Домот на културата од 15:00 часот.

Наредниот ден, 19.02. во општинската сала на општина Зелениково во 10:00 часот граѓаните ќе имаат можност да се информираат за полесно искористување на ИПАРД Програмата, а во општина Чашка средбата ќе се случува во салата во ОУ „Тодор Јанев“ од 14:00 часот.

На 20.02. инфо караванот ќе биде во општина Старо Нагоричане од 10:00 часот, а во општина Арачиново инфо средбата ќе се одржи во кафе бар „Релакс“ ов 14:00 часот.

На 21 февруари инфо ден ќе се одржи во општина Ѓорче од 10:00 часот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.

Во врска одржување на инфо деновите дополнителни информации и детали, заинтересираните лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?