Добивај вести на Viber
Од денеска законски почнува откупот на тутунот од годинешта реколта. Дел од откупните центри, поточно две компании ги отворија пунктовите неколку дена порано, а останатите тоа треба да го сторат денеска. Оваа година девет компании добија лиценци за откуп на тутун. Годинешната реколтасе ќе тежи слично колку лани околу 30.000 тони, што е повеќе од предвидените 25.000 тони. Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна соопштија дека дека откупувачите дале уверување дека целиот договорен тутун од 25.000 тони ќе биде откупен,а ќе се направат напори да се преземе и вишокот од околу 4.000 до 5.000 тони, кој настана поради врнежливите временски услови и повисоките приноси.
Но на терен уште на самиот старт на откупот се појавија проблеми. Поради лошите врменски услови дел од тутун има големо количество влага што доведува до скапување. Тутунарите стравуваат дека тоа ќе го искористат откупувачите и тој тутун може да не го земаат и на тој начин тактички да не се откупи вишокот тутун.
-Ние не можеме да влијаеме врз временските услови кои сега придонесуваат за зголемување на влагата во тутунот и до 30 отсто што доведува до скапување. И тој тутун откупувачите не го сакаат. Од друга страна за зголемување на влажноста придонесува и пакувањето во картонски кутии. Во договорите ни пишува дека влагата треба да биде 16 отсто, но според Законот за тутун ако производот има влага до 60 отсто тогаш тој треба да се цени како пониска класа, и затоа ќе мора откупувачите да примат и тој тутун. Ние ќе бараме средба со министерот за земјоделство и со откупувачите за да се реши проблемот,
вели Данчо Милевски, претседател на Сојузот на здруженија на тутунари.
Официјалните откупни цени се формирани за 4 категории на тутун. За прва класа тутун откупната цена е 260 денари за килограм, за втора 189 денари, за трета 130 денари и за четврта класа откупната цена е 80 денари за килограм тутун. Тутунарите велат дека годинава цената нема да ја достигне ланската просечна од 150 до 160 денари килограм.
Од производството на еден килограм тутун нас ни останува 14 денари, па пресметајте со просечните откупни цени колку сме во ќар и колку сме рентабилни. Тоа се срамни цени кои не соодвествуаат со нашите трошоци и нашиот труд. Знаете колку е тешко производството на тутун. Среќа што субвенцијата е висока, за колку толку да покрием нешто од трошоците. Но ќе ги прашам сегашните откупувачи што ќе прават кога ќе дојдат уште двајца нови откупувачи, од кои едниот е од турција и планира тука да отвори и погони за производство, тогаш ќе имаат конкуренција и нема да имаат доволно понуда па ќе бараат повеќе тутун, вели Милевски.
Тутунарите очекуваат дека ќе малверзации со проценките на класите.Дополнително велат проблем е што за секој тутунар има закажано термин за откуп.
Ќе го проценуваат тутун за трета и четврта класа, и нема шанса да се достигне ланската откупна цена, која не е доволна, ама колку толку беше рентабилна. Се ископлицира се поради лошите временските услови.Исто така проблем е што откупот ќе функционира со термини. На пример мене ми е закажан откп на 25-ти овој месец во 11: 30 часот, па тоа е производ што калира, како може така,
вели Алија Сали, претседател на Здружението на тутунари од скопско Студеничани.
Наместо помалку и годинава се произведе повеќе тутун
Заради обилните врнежи приносите на тутун годинава се поголеми од договорени, но се очекува нешто послаб квалитет од ланската реколта. Како резултат на барањата на Светската здравствена организација, која инсистира на намалување на количеството на ориентален тутун во цигарите, но и заради зголемено производство на тутун во регионот, производителите и откупувачите годинава мораа да договорат пониски квоти за откуп. Вишокот на тутун се проценува на околу 5.000 тони.
-На последниот состанок дел од компаниите рекоа дека 15 до 20 отсто од вишокот ќе го откупат, ќе видиме дали ќе го исполнат ветувањето. Ние сметаме дека треба да се откупи вишокот тутун. Грешката не е кај нас, затоа што уште на старт компаниите не го испочитуваа процентуалното намалување на договорите. Направија договори со тутунари кои прв пат садат тутун, воопшто до тогаш немале производство
, вели Милевски
Во март минатата година надлежните го смирија револтот на тутунарите со тоа направија модел за откуп на тутунот. Вкупното производство на тутун требаше да се намали за 17%. Договори да се склучат со сите тутунари со тоа што, малите земјоделци куртулија од намалување на количините, но големите требаше да го намалат производство за 30 до 40%. Министерот за финансии Зоран Ставрески, тогаш изјави дека на овој начин ќе се амортизира ударот од одлуката на откупните претпријатија да го намалат за речиси 40% откупот од следната реколта.Како причина за намалување на производството беше посочена конкуренцијата од регионот но и барањата на Светската здравствена организација за постепено намалување на површините со тутун во цел свет.
Според Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот која што Македонија ја ратификуваше во 2006 година, континуирано и значително треба да се редуцира распространетоста на употребата на тутун и изложеноста на чадот од тутун,поради штетноста по здравјето на луѓето. Доколку се започне со намалување на површините, тогаш дел од тие што се засадените со тутун ќе треба да се пренаменат. Тутунарите велат дека е тешко друга култура да успее онаму каде што претходно се садело тутун, но дека има региони каде што може да се пренаменат површините. Владините политики, почнувајќи од висината на субвенцијата едно евро за килограм откупен тутун и најбрза исплата, ги мотивираа земјоделците од година во година да ги зголемуваат површините, па дури во тутунопроизводство влегуваа и земјоделци кои претходно одгледувале други култури. Се тоа доведе до до зголемување на површините и производството на тутун.
Вкупното производство во 2008 година изнесувало 17.056 тони, а во 2012 година изнесуваше близу 28.000 тони што е за 33% повеќе од претходната 2011 година, додека реколатата 2013 со 32.000 тони беше најголемото производство во последните 10 години. Просечно за период 2007-2011 година нето билансираниот извоз изнесува 16. 384 тони тутун во вредност од 84,8 милиони долари. Македонија како и многу земји во светот кои истовремено се производители на тутун и тутунски производи е истовремено извозник и увозник на тутунски производи. Ако се собере позитивниот ефект од извозот на тутун и тутунски производи тој просечно за анализираниот период изнесува околу 100 милиони долари чист нето извоз од кој 85 % е остварен од извозот на обработен тутун, а само 15 % од извозот на цигари, а заедно тие преставуваат солиден девизен прилив и делумно го покриваат хроничниот дефицит во увозот на прехранбени производи.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: