Почнува пријавувањето за надоместок на дел од трошоците за купување печки на пелети за 2017
Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2017 11:05
Од денеска /27.02.2017, понеделник/ почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година.
Правото на учество на овој јавен повик, критериумите, начинот на остварувањето на правото на надоместок, како и начинот на спроведување на повикот се утврдени со јавниот повик кој е објавен на веб-страницата на Град Скопје.
Јавниот повик трае 15 календарски дена од денот на објавувањето /27.02.2017 година, понеделник/ заклучно со 13.03.2017 година, понеделник, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’.
Град Скопје апелира до потенцијалните учесници на јавниот повик пред поднесувањето на документацијата внимателно да ги прочитаат начинот, условите и критериумите за учество, па потоа со целосно комплетирана документација, согласно со правилата да поднесат барање за надоместок на дел од трошоците.
Ова е втор јавен повик за надоместок на трошоци за набавка на печки на пелети, првиот беше објавен минатата година и беше субвенционирана набавката на печки на 196 граѓани, а Град Скопје за овој проект имаше обезбедено 5.896.000 денари.
Оваа година за надоместок на дел од трошоците за набавка на печка на пелети Град Скопје во буџетот обезбедени 10 милиони денари.
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 13.03.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок .
Јавниот повик, барањето и образецот за потполнување може да ги видите и превземете на следната интернет врска –
http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




