05 Декември, 2025
0.1442

Почнува расправата за буџетот за 2013-та

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2012 10:03

Добивај вести на Viber

Денеска во Собранието на Република Македонија почнува расправата по Предлог-буџетот за 2013 година. На дневен ред е на Комисијата за финансирање и буџет.

Според поредлогот вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари, расходите се на ниво од 165 милијарди и 652 милиони денари, а буџетскиот дефицит е 3,5 проценти од БДП.

Планирано е продолжување на трендот на високо ниво на капитални расходи карактеристични за последните години односно е за околу 10,4 проценти повисоко во однос на оваа година. Предвидено е значително зголемување на здравствените програми, кај социјалните трансфери предвидени се 74 милијарди и 340 милиони денари, предвидено е 5-процентно зголемување на пензиите, како и петпроцентното зголемување на социјалната помош. 135 милиони евра од буџетот се предвидени за субвенции за земјоделците. Кај капиталните расходи издвоени се средства за неколку крупни инфраструктурни проекти пред се за почнување на изградбата на преостанатиот дел од автопатот на Коридорот 10, интензивирање на прокетот автопатот Демир капија-Смоквица, како и инвестиции во делот на железничката инфраструктура делот Куманото-Бељаковце и ремонтот на Коридорот 10. Во здравството се планирани 2 милијарди и 164 милиони деари, 1 милијарда и 909 милиони денари за образование, детска заштита, спорт, 413 милиони денари за технолошко-инудстриските развојни зони, како и 2 милијарди и 51` милион денари за енергетската област и комуналната инфраструктура.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната владина седница информира дека буџетот ќе се презентира со аргументи. - Мислам дека тука добро стоиме бидејќи е многу реално проектиран со два отсто раст за следната година, што би било добро имајќи предвид дека и последните податоци од еврозоната се дека во третиот квартал цела Европа е во рецесија, Германија во стагнација, а Холандија и Финска се веќе во негатива. Имаме, како што усвои Владата, буџет со кој се обезбедува социјална заштита за граѓаните со порастот на пензиите и порастот на социјалната помош, доволно средства за земјоделците - 135 милиони евра за следната година, рече Ставрески.

Според него, ова е силната страна на буџетот, а втората е во делот на поддршката на стопанството, односно високото ниво на капитални инвестиции.

На владиниот предлог на буџетот во Собранието поднесени се 1.026 амандмани, од кои СДСМима поднесено 528 амандмани, НДП 460.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември