05 Декември, 2025
0.0288

„Почувствувај го здравиот рурален живот“

Објавено во: Агробизнис 24 Септември, 2013 14:58

Добивај вести на Viber

Федерацијата на фармери на Македонија во соработка со Албанскиот земјоделски совет од октомври започнува со реализација на проект наменет за руралното население во пограничните региони со Албанија.

Проектот насловен како „Почувствувај го здравиот рурален живот“ е финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка со Република Албанија. Целта е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување тренинг центар во гостиварското село Вруток и промоција на традиционалната храна и руралниот туризам.

Од ФФРМ истакнуваат дека придобивките од проектот се од особена корист за локалното население во пограничните региони, особено за младите и жените фармери, но и за сите граѓани, институции и организации кои работат на развој на земјоделството и руралниот развој.

Свеченото отворање на проектот е закажано за 1 октомври во гостиварското село Вруток каде што ќе биде отворен и едукативниот тренинг центар.

Федерацијата на фармери на Македонија го заврши и проектот „Промоција на интересите на фармерите“ чија цел беше да се создаде организација која ќе биде вистински глас за правата и интересите на фармерите. Проектот се реализираше во соработка со Шведската агенција за развој (СИДА).

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?