Под концесија се нудат ловишта во Струга, Делчево и Кочани
Објавено во: Агробизнис 30 Март, 2016 12:47
Во тек е огласот за давање под концесија на 5 ловишта во општините Струга, Делчево и Кочани.
Повикот е објавен на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рокот за поднесување на понуди трае до 25 април 2016 година. Можат да аплицираат домашни и странски правни лица, кои ќе ги исполнат условите во тендерската документација. Концесиите се доделуваaт за период од 10 до 20 години, зависно од тоа дали се работи за ситен или крупен дивеч. Изборот за најповолна понуда ќе се изврши електронски, а почетната цена ќе биде највисокиот понуден износ по јавното отворање на понудите. Понудувачите можат да достават понуда за едно или за повеќе ловишта.
Обврска на концесионерот е да инвестира во ловиштето, во дивечот и да има ловочуварска служба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





