Под закуп ќе се даваат 7000 хектари земјоделско земјиште
Објавено во: Агробизнис 29 Март, 2016 15:48
Многу скоро ќе има нов оглас за распределување на 7.000 хектари државно земјоделско земјиште.
Ова го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој објасни дека земјиштето ќе биде распределено до три хектари на лица каде што земјиштето е во близина на атарот на селото и за кои тоа значи егзистенција, а над три хектари површина е за бизниси каде ќе се вработат голем број луѓе. Груевски ги наброја бенефициите од оваа мерка.
„Прво заради зголемување на земјоделското производство, зголемување на извозот, намалување на увозот на земјоделски производи и пред се заради обезбедување егзистенција, а некаде и бизнис за голем број граѓани. Во тој контекст досега се склучени договори со 8.700 лица за давање под закуп на земјоделско земјиште. За споредба во времето на СДСМ се стотина или 120-130 договори и главно на нивни блиски роднини и пријатели. Овој тренд ќе продолжи и понатаму. Се планираат и нови огласи. Можам да потврдам дека се планира распределба на нови 7.000 хектари земјоделско земјиште“ - изјави Груевски.
Распределбата на земјоделското земјиште ќе продолжи со уште посилно темпо се до моментот додека има земјоделско земјиште кое не е распределено, кое е обработливо и постои интерес за него.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





