26 Ноември, 2024
0.0314

ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Историчари од регионот бараат историјата да не се злоупотребува за евроинтеграциите

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Позицијата на Македонија доби поддршка од група историчари од регионот. 

Историчари од регионот регираат по блокадата од Бугарија објаснувајќи дека со тоа се злоупотребува историјата во европските интеграции.

Станува збор за историчари од Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и од Србија кои напишаа заедничка декларација со наслов „Да ја одбраниме историјата“. 

Писмото е потпишано од Дубравка Стојановиќ, Хуснија Камберовиќ, Твртко Јаковина, Божо Репе, Аднан Прекиќ, Сњежана Корен, Бранимир Јанковиќ, Момир Самарџиќ и други.

„Ние потписниците на ова писмо изразуваме протест и осуда на овој пример на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Сметаме дека овој пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но и за самата Европска Унија. Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создале сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право“, стои во Декларацијата.

Историчарите бараат од колегите во Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите во својата дисциплина.

Од политичарите бараат да водат одговорни политики, да не ги поддржуваат историчарите што поттикнуваат националистички конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото. 

„Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата почитувајќи ги основните принципи на Европската Унија, кои овие денови на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската Унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа да не дозволиме преку искривување на историјата да се уништуваат принципите на кои се темели идејата за обедината Европа. Ние, потписниците на ова писмо, им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Македонија и Бугарија, кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професија и професионалните стандарди. Само солидарни можеме да ги совладаме сериозните пречки што стојат пред нас!“, се наведува во декларацијата.

Софија испорачува услови по ветото од вчера. 

Бугарија ќе дозволи почеток на преговори за Македонија, но доколку добие правни гаранции. 

Софија инсистира на три клучни услови, кои бара да бидат вметнати во преговарачката рамка.

*придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство;

*утврдување план (патоказ) за спроведување на Договорот од 2017 година и

*многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија".

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик