ПОДДРШКА ЗА ПРEДЛОГОТ НА МАКРОН: Kаја Калас вели дека сите опции се на маса
Објавено во: Свет 29 Февруари, 2024
Идејата на францускиот претседател Емануел Макрон да испрати војска во Украина, многу европски лидери ја отфрлија, но естонската премиерка Каја Калас не мисли така.
Калас рече дека сите опции се на маса за да ѝ се помогне на Украина да го победи рускиот претседател Владимир Путин. Таа го изјави ова неколку дена откако францускиот претседател предизвика бура навестувајќи дека постои можност да се испратат копнени сили да му помогнат на Киев.
Калас изјави денеска дека лидерите мораaт да разговараат за сите опции зад затворени врати вклучувајќи ги и сите опции кои сè уште се на маса за да ѝ помогнат на Украина во својата егзистенцијална борба.
„Мислам дека тоа се исто така сигнали што ги испраќаме во Русија, дека не исклучуваме различни работи“, изјави Калас за „Политико“.
Таа жестоко ја критикуваше Русија.
„Затоа што сите земји сфатија дека мораме да направиме сè за Украина да победи, а Русија да ја изгуби оваа војна“, додаде таа.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. Украина успеа да поврати половина од окупираната територија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.