20 Декември, 2025
0.0859

Поддржано од ЕКО Грција дел од HELLENiQ ENEREGY: Стартува ЕКО Рели Акрополис - „Рели на Боговите“

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2024 11:33

Добивај вести на Viber

Светската автомобилска елита ќе биде дел од релито ЕКО Акрополис што ќе се одржи во Централна Грција од 5 до 8 септември. Четврта година по ред, релито ЕКО Акрополис е дел од годишниот календар на Светскиот рели шампионат на ФИА (WRC), кој е највисоко меѓународно натпреварување од ваков вид.

Генерален и именуван спонзор на овој историски митинг е ЕКО Грција, подружница на HELLENiQ ENERGY Group, на која и припаѓа ОКТА АД – Скопје. ЕКО има долгогодишна соработка со Рели Акрополис која трае повеќе од 10 години. Оваа година, ЕКО ќе биде и голем спонзор на ЕКО Супер специјалната сцена, која ќе се одржи на сервисната станица на автопатот „Сириос“, Атина, на 7 септември, по официјалното отворање на настанот.

Во четврток, 5-ти септември, седумдесет и два екипажи ќе излезат на рампата во Ламија, Грција. Во следните три дена тие ќе се натпреваруваат во 15 специјални етапи, кои ќе поминат вкупно растојание од 305 километри. Учесници од 31 земја ќе бидат во Грција за да се борат за овогодинешните титули.

Релито Акрополис, познато и како „Рели на боговите“, е меѓународно реномиран натпревар со историја од 1951 година, што го прави еден од најдолгите и најпрестижните рели натпревари во светот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии