26 Ноември, 2024
0.0292

Подготвен закон за нов бизнис во Македонија со електрична енергија - складирање

Објавено во: Економија 20 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за економија достави предлог за нов Закон за енергетика по повеќе од пет години, со кој ќе се уредуваат новите видови на бизниси со продажбата на електрична енергија во земјата, а еден од нив е и складирањето на струјата.

Надлежните спасот го бараат во батериски системи за складирање на вишокот произведена струја. Македонија поттикнуваше поставување фотоволтаици и сега доживува „бум“ со производство на струја од обновливи извори на енергија, коишто мрежата не може целосно да ги прифати. Новата легислатива, која е објавена на единствениот национален регистар за прописи, како и на веб-страницата на Министерството за економија, треба да овозможи да се продаде целокупната произведена електрична енергија.

Секој инвеститор  што ќе изгради батериски систем, односно таканаречениот „сториџи“, ќе учествува на пазарот како оператор на складиште и ќе може да купува и продава електрична енергија. МЕПСО и операторот на мрежата во Македонија нема да смеат да градат батериски системи за комерцијални цели, освен доколку нема интерес од никој друг.

Претходно од енергетската aсоцијација реагираа дека големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа. Од Асоцијацијата побараa да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои  што се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“. Инсталирањето на батерии кај електраните ќе им овозможи на инвеститорите да продаваат електрична енергија и во периодите кога побарувачката е помала од понудата со што ќе имаат многу подобар пазарен продукт и на тој начин нема да имаат загуби од нивното инсталирање. 

Во предложениот Закон за енергетика како „стратешки инвестициски проекти“ ќе се сметаат и инвестициите во инфраструктурата за струја, гас и водород, а Владата ќе може да додели државна помош како поттикнувачка мерка.

„Во последните години интересот за изградба на нови објекти за производство на електрична енергија енормно се зголеми што доведува до ситуација на непланско градење и на проблеми на инвеститорите со обезбедувањето на приклучок на мрежа, продажба на електричната енергија и воопшто со балансирањето на електроенергетскиот систем.

Со измените на важечкот Закон за енергетика за прв пат се регулираше дејноста складирање на енергија, но се поголемиот интерес за инвестирање во складишта на енергија, ја наметна потребата попрецизно да се регулираат прашањата кој, кога и како може да користи складиште“, пишува меѓудругото во проценката на влијанието на овој нов „енергетски“ закон.

Истовремено Министерството за економија го објави и нацртот на нов посебен Закон за обновливи извори на енергија.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути