Подигнување на спомен-обележја одобруваат и градат општините, вели Ковачевски за споменикот во Слупчане
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2022 15:24
За споменикот на ОНА во липковското село Слупчане, премиерот Димитар Ковачевски вели дека подигнување на спомен-обележја одобруваат и градат општините.
Тоа го прават со општински средства и општинските советници и градоначалникот одлучиле дека тие пари треба да ги вложат во такво обележје.
„Во услови на криза јас сметам дека советниците во сите општини и тоа во неколку наврати го имам кажувано, треба да размислат добро на што се инвестираат финансиските средства и со оглед на тоа дека се наоѓаме во голема финансиска криза и пред нас престои најтешката зима за нашите генерации и нешто постарите генерации откако паметиме“, рече Ковачевски.
На новинарско прашање дека во Прилеп семејството само подигнало спомен-обележје на еден бранител кој загина во Диво Насеље и дали во нашата држава постојат закони кои го регулираат оваа прашање, Ковачевски повтори дека со оглед на тоа што спомен обележјата се во надлежност на општините, тогаш и на Општина Прилеп останува на кој начин ќе донесе одлуки и како ќе се сеќава на оние кои што ги дадоа своите животи за државата.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




