Поднесено обвинение за четворицата притворени за палење и кинење на македонското и албанското знаме
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2024
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против четири лица кои на 28 ноември го палеа македонското, односно албанското знаме во различни случаи.
Според ОЈО,тие со своите дела предизвикале омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побарале од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка. Тројца од нив го палеле и кинеле македонското, а четвртиот го запалил албанското знаме.
„Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.
Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство“, објави ОЈО Скопје.