Подобрен пристапот на населението до безбедна вода за пиење
Објавено во: Мои пари 21 Март, 2013 13:57
Над 97 проценти од целокупната популација има пристап до безбедна вода и санитација. Лидери сме не само во регионот и имаме добар стандард на европско ниво. Како држава или како нејзини институции, ќе се стремиме да добиеме 100-процентна покриеност на национално ниво, стандард што го има во Јапонија, истакна денеска Мирјана Димовска од Одделението за безбедност на вода и санитација на животната средина при Институтот за јавно здравје на Македонија.
- Ако изминатата година 5,71 процент од населението користеше како извори за водоснабдување сопствени индивидуални водоснабдителни објекти и природни извори кои се најнебезбедниот начин за водоснабдување, оваа година тој процент се сведе на 2,74 проценти, посочи Димовска.
Директорот на Институтот, Шабан Мемети истакна дека не сите јавни комунални претпријатија доставуваат примероци вода за испитување на нејзината безбедност во Институтот за јавно здравје на Македонија, законска обврска предвидена со позитивната законска регулатива односно со Правилникот за безбедност на водата 46/2008.
- Врвен императив на јавно-здравствените установи и на Институтот за јавно здравје е да го зачуваме и унапредиме здравјето на целокупната популација. Безбедната вода и храна е битен предуслов кој го детерминира здравјето на популацијата, додаде Мемети.
Димовска рече дека од примероците од водоснабдителни централни објекти 4,37 проценти биле неисправни во однос на физичко-хемиските параметри.
- Во однос физичко-хемиската анализа примероците вода од водоснабдителните системи била главно неисправна заради намалени количества или отсуство на резидуален хлор или во однос на параметарот матност кој е резултат на обилните дождови. Во однос на микробиолошката неисправност се работи за зголемен број аеробни мезофилни бактерии во водата за пиење, потенцира Димовска. Додаде дека биле извршени 951 санитарно-хигиенски увид во селските населби, неисправни биле 24,7 проценти во однос физичко-хемиска анализа и 26,4 проценти во однос на микробиолошка анализа.
- Најнесигурен начин на водоснабдување се оние села со останати водоснабдителни објекти и природни извори кои се без контрола од комунални претпријатија. Процентот на неисправни микробиолошки анализи во тие села се движи во опсег од 39,8 проценти, појасни Димовска.
Во 2012 година во лабораториите на Институтот, појасни таа, се тестирани 120 мостри минерални води од кои 43 мостри од увоз и 93 мостри од домашно производство.
- Од увозните мостри, седум биле микробиолошки неисправни, за кои се известени инспекторите на граничните премини и спречен е увозот и дистрибуцијата на тие прозводи на домашниот пазар. Од домашните минерални води при лабораториско тестирање, пет мостри биле небезбедни заради содржина на одреден елемент над максимално дозволените граници. Станува збор за контрола на процесот на производство, кои по укажување од Институтот преземаат мерки да ги елиминираат ризиците, истакна Димовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





