28 Април, 2024
0.0268

Подобрена безбедноста на складот за оружје „Еребино“

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Заврши проектот за подобрувањето на безбедноста на главниот склад на Министерството за одбрана за муниција и за мало и лесно оружје, кој се наоѓа во Еребино. Проектот, финансиран од Европската унија, чини 255.000 евра и беше спроведен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) преку регионалниот проект SEESAC посветен на запирање на пролиферацијата на незаконското оружје. 

Крајот на активностите за подигање на безбедноста на складот беше одбележан со церемонија за примопредавање на 23 декември, 2016 година, на која присуствуваа Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и Тибор Варади, политички советник во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„Нелегалната трговија со оружје се уште е предизвик во Југоисточна Европа“, истакна Винтон.  „Подобрувањето на безбедноста на складот во Еребино е голем чекор напред за да се спречи можноста оружјето и муницијата да паднат во погрешни раце“.

Зголемената безбедност на складот во Еребино е направено согласно меѓународните безбедносни стандарди, и се состои од обновување на оградата околу складот, поставување нова влезна порта, обезбедување на прозорците и вратите, надградба на електричната инсталација и на надворешното осветлување, како и набавка и поставување на опрема за видео надзор на целиот периметар. 

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во 2015 година спроведе сличен проект финансиран од ЕУ, во вредност од 270.000 евра за подобрување на главниот склад за вишок оружје и муниција на Министерството за внатрешни работи во Орман, на излезот од Скопје.

И двата проекти имаат за цел да обезбедат посигурно чување на малото и лесно оружје и на муницијата и да придонесат за поефикасно управување со резервите на оружје.  Со спречување на кражбите и на загубите, овој пристап има за цел да ја спречи незаконската трговија на малото оружје во регионот и пошироко.

Големите резерви на оружје и минатото на конфликти во регионот предизвикаа загриженост не само за безбедноста во овие земји, туку исто така и поради можностите за прекугранично шверцување на оружје во европските земји на север, меѓу другото и за терористички цели.  Решавањето на овие проблеми е во сржта на стратегијата на ЕУ за борба против незаконското насобирање и трговијата со мало и лесно оружје и муниција за нив. Со мандат добиен преку Одлуката на Советот 2013/730/CFSP, подобрувањето на складовите преставува продолжување на поддршката на ЕУ за борбата против незаконското оружје во Југоисточна Европа, и претставува основен дел во напорите да се постигнат целите од Стратегијата за мало и лесно оружје на ЕУ .

Надградбата на складовите во Еребино и Орман се една компонента од поддршката на ЕУ за проектот на SEESAC за активности за разоружување и контрола на оружјето во Југоисточна Европа (EUSAC). Подготвен во тесна соработка со националните власти, проектот EUSAC содржи пет главни активности:

  • Подобрена безбедност на резервите: преку реновирање и подобрување на безбедноста на складовите за оружје и муниција.
  • Намалување на резервите: преку уништување на вишокот оружје и муниција што се чува во складовите.
  • Подобрено обележување, следење и регистрација на малото и лесно оружје: преку обезбедување поддршка за воспоставување или подобрување на постојните системи за регистрација и евиденција на оружјето.
  • Подобрена регионална соработка за подигање на свеста, размена на информации и знаење: преку олеснување на регионалната соработка помеѓу националните институции задолжени за контрола на оружјето.
  • Спроведување на кампањи за собирање на оружјето и подигање на свеста.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг