Подравка Македонија продолжува со поддршка на угостителските училишта: Да донираме за опремување на СУГС “Лазар Танев” - Скопје
Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2025 10:51
Подравка Македонија започна нов општествено одговорен проект,насловен како: „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, со цел поддршка на средното училиште ,,Лазар Танев”, најголемото средно стручно училиште во нашата држава кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.
Главната цел на проектот е подобрување на условите за практична настава за учениците, обезбедувајќи им поквалитетни ресурси за образование и усовршување во угостителската струка.
Оваа година, во рамки на проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, Подравка Македонија повторно ќе обезбеди донација за обнова на кабинетите за практична настава во угостителското училиште.
Овој општествено одговорен проект трае од 15.5. до 30.6.2025 година, а за време на тој период, 1 денар од продажбата на селектирани производи на Подравка ќе биде наменета за поддршка на угостителското училиште ,,Лазар Танев”,. Собраните средства ќе се искористат за набавка и обнова на опрема во кабинетите за практична настава, со што ќе се унапреди образовниот процес за идните готвачи и угостителски стручњаци.

„Како компанија која вложува во заедницата, Подравка Македонија со особено внимание ги поддржува децата и младите. Угостителските училишта се клучни за развојот на нови кулинарски таленти и зачувување на нашето гастрономско и културно наследство. Ваквите иницијативи се наш начин да придонесеме за поквалитетно образование и да ја испромовираме домашната гастрономија. Горд сум што вложуваме во иднината на младите готвачи,“ изјави Ивица Саралиевски, директор на Подравка Македонија.
Придонес за зачувување на традиционалните јадења
Како еден од лидерите во прехранбената индустрија во регионот и на пазарот на Република Северна Македонија, компанијата Подравка сака да им помогне на училиштата, но и да ја истакне важноста од зачувување на традиционалните јадења и кулинарското наследство на нашата држава. Преку едукација на учениците и пошироката јавност за културната вредност на домашната кујна, Подравка се стреми да обезбеди автентичните рецепти да се пренесуваат и негуваат низ генерации.
Затоа е креирана посебна платформа со фотографии, (https://donirame-za-ucilista.podravka.mk/) видеа и рецепти од традиционални јадења (https://youtube.com/playlist?list=PLrTHQ_bCnWD6tp8m8Lojo6Kv6ez9elXZF&si=jbirNOF7AacszRCE ), која ќе го зачува богатството на вкусови што ги поврзуваат генерациите.
За да го заокружи овој проект, Подравка ќе организира „мастерклас“ во училиштето „Лазар Танев“ во Скопје, каде што учениците со нивните ментори ќе готватпо познати рецепти за традиционалните јадења, како придонес кон зачувување на нашето гастрономско наследство и иднината на домашната кујна. Зготвените јадења ќе бидат донирани за деца од социјално загрозени семејства.
Проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“е продолжение на иницијативата на Подравка Групацијатаод 2023 година, кога беа донирани средства за угостителското училиште од продажбата на селектирани производи под брендот Вегета.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




