Поентата на овој наш живот е да бидеме репродуктивни, да ни се шири семејството: Ексклузивно интервју со Цеца Ражнатовиќ за Женски магазин

Објавено во: Стил 26 Јануари, 2023
Екипата на Женски магазин беше присутна на снимањето на две емисии од најгледаното балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“ во Белград и од близу се запозна со членовите на жирито. Покрај тоа што се запознавме, имавме и привилегија да направиме интервјуа со дел од нив кои ќе бидат прикажани во текот на следните денови на Женски магазин.
Серијата интервјуа од престолнината на Србија ќе ги започнеме со најголемата фолк ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ. Насмеана и видно расположена, и покрај напорните снимања, кои траат по цел ден, пејачката за првпат даде интервју за Женски магазин. Без никаков проблем ни зборуваше за својот ангажман во шоуто, за документарецот „Цеца и деца“, за своите деца – Анастасија и Вељко, а проговори и за нашата непрежалена ѕвезда, Тоше Проески.
Иако скоро 7 години нема објавено нова песна, пјеачката без никаков проблем ги полни арените и клубовите, како во Србија и регионот, така и низ цела Европа. Како печат на нејзината кариера се големиот број хитови, кои публиката ги пее и ден денес во еден глас. „Београд“, „Доказ“, „Маскарада“, „Громе мој“, „Да раскинем са њом“, „Позив“ и безброј други, зад кои се потпишуваат едни од најеминентните имиња од светот на музиката, се само дел од песните кои ја одбележаа нејзината повеќедецениска кариера.
Иако новата музика публиката со нетрпение ја очекува, Цеца сепак е активна на многу други полиња. Од 2021 година стана дел од жирито на најголемото музичкото натпреварување на Балканот – „Ѕвездите на Град“. Цеца ни раскажа дека многу лесно се вклопила во целата таа приказна и дека останатите колеги одлично ја прифатиле.
„Мене ме прифатија супер. Тие се мои колеги, кои јас ги познавам години наназад и ова е нешто што е тесно поврзано со професијата со која се занимавам. Веќе имав искуство од „Ѕвездите на Пинк“, така што воопшто не ми беше тешко.“ Целото интервју на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Цеца Ражнатовиќ прочитајте го на Женски магазин.
Фото: Youtube - screenshoot
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.