16 Декември, 2025
0.0342

Поевтино отколку со велосипед! Атина-Солун со авион за 10 евра!

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2014 11:00

Добивај вести на Viber

Ирската авиокомпанија „Рајанер“, позната по евтините авио-билети, внесе вистински немир на грчкиот пазар за авионски услуги со пролетна акција преку која промовира неверојатно ниски цени за летовите од Атина до Солун – од само 9,99 евра! Во моментот кога се појави понудата, беа блокирани сите грчки интернет страници на кои може да се резервираат карти за овој лет. Интересот е разбирлив ако се знае дека повратна автобуска карта на оваа релација, со пет часа возење, чини 60 евра, додека картата за воз за патување кое трае цели шест часа чини меѓу 30 и 50 евра. Додека граѓаните се среќни, домашните авиокомпании „Олимпик“ и „Егеан“ сериозно се вознемирени од конкурентот, па дури се обидоа и да го одложат почетокот на работата на ирската компанија.  Но правилата на единствениот европски пазар по ова прашање се јасни и ништо не може да ги спречи „евтините Ирци“ да им одземат парче од грчкото небо на домашните компании.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството