05 Декември, 2025
0.0311

ПОФИКС Тетово го купува Единство

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012 14:40

Добивај вести на Viber

 ПОФИКС ДОО Тетово ќе даде понуда за откуп на акции издадени од Единство АД Тетово, одлучи Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Понудата се однесува на 880.106 обични акции со право на глас и 7.445 приоритетни акции, сите издадени од Единство АД Тетово. ПОФИКС како понудувач се обврзува хартиите од вредност да ги откупи по цена од 145 денари по акција. За таа намена, понудувачот има депонирани средства на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и обезбедено банкарска гаранција, кои се потребни за плаќање на сите акции што се предмет на понудата.
Најмалата количина хартии од вредност со право на глас на кои се однесува понудата за откуп што треба да биде прифатена, за да се смета за успешна е 70 отсто од обичните акции со право на глас, односно 616.075 обични акции. Приоритетните акции не се релевантни за пресметувањето на прагот на успешност. Рокот за прифаќање на понудата за откуп е 20 дена од денот на првото објавување на извадокот од Проспектот и на понудата за откуп, а акциите треба да се платат во рок од 8 дена по приемот на решението на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за успешност на понудата.
На седницата на КХВ што се одржа вчера беше обновена и една дозвола за брокер

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември