18 Декември, 2025
0.1890

„ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ СЕ ПОДМЕТНАТИ СО ЦЕЛ СОЗДАВАЊЕ ВЕШТАЧКА КРИЗА“: Ѓорѓиевски бара институциите брзо да делуваат

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2025 17:22

Добивај вести на Viber

Jа споделувам грижата на скопјани. Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје! Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги превземат сите неопходни мерки за откривање на сите кои се замешани во свесното и намерно потпалување на сите депонии околу главниот град Скопје и ги повикувам да постапат брзо.

Ова го објави на својот Фејсбук профил кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

Тој истакна дека институциите треба и мора да делуваат брзо и решително и дека здравјето на граѓаните мора да биде заштитено.

- Она што сите го гледаме, го зборуваме, размислуваме и посочуваме ќе го кажам јавно.

Постојат основани и отворени сомнежи кај мене, а и кај сите луѓе со кои разговарам, дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори. 

Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова, да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град.

Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај.

Верувам дека институциите ќе постапат и ќе дејствуваат брзо - нагласува Ѓорѓиевски. 

Тој потоа посочи дека следна негова задача по изборите ќе биде создавање систем со кој ќе се спречат пожари. 

Најавувам дека по одржувањето на локалните избори првата и основна задача ќе ми биде создавање на систем каде нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат веќе проблем туку решение. Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред.

На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај - нагласува Ѓорѓиевски.

Еве го неговиот став:


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје